Вести

Предупредување за вирусот Wanna Cry Ransomware

Wanna Cry Ransomware е тип на вирус што ги инфицира компјутерите, и не дозволува корисниците да имаат пристап до оперативниот систем или ги енкриптира (заклучува) сите податоци складирани во компјутерот.
Вирусниот софтвер тогаш бара од корисникот да плати одредена сума на пари за декриптирање на податоците и повторен пристап до вашиот оперативен систем.

Во моментов повеќето анти-вирусни софтвери не го детектираат овој вирус.

За да ја намалите веројатноста од инфекција и да ги заштитите Вашите податоци, следете ги следниве препораки кои важат генерално и за други вируси:

  • Не отворајте линкови и атачменти добиени преку е-пошта, во порака која не ја очекувате;
  • Бидете внимателни при посетување на несигурни и неверодостојни веб страни;
  • Никогаш не кликајте на линкови што не верувате дека се безбедни на социјалните мрежи како Facebook или други апликации;
  • Ако добиете порака од пријател со линк, прашајте го за потврда пред да го отворите линкот, (инфицираните машини праќаат произволни пораки со линкови);
  • Правете бекап на вашите податоци константно и периодично. Користете OneDrive за константен бекап и екстерен диск за периодичен бекап;
  • Бидете внимателни со неважечки е-мејл адреси што користат слични адреси како ваши познати пријатели, фирми и др.;
  • Користете надграден антивирусен софтвер со последни антивирусни дефиниции;
  • Користете надграден оперативен систем со последни безбедносни закрпи... 
#понеделник, 15 мај 2017