Актуелен проект е партнерството во Скопје Ист Гејт, прв проект од ваков тип кај нас, кој опфаќа трговски центар, станбен комплекс и деловен парк со цел воведување нови и модерни стандарди на урбаниот живот. Унионнет е дел од East Gate Living, инвеститор во изградбата на зградата А1 на станбениот комплекс, дел од станбената површина од 201.000 м2, меѓу 1.600 станбени единици.




